-2.2 C
Skopje
Monday, January 17, 2022

Скарлет Јохансон роди син

Најчитани вести

Холивудската глумица Скарлет Јохансон роди машко бебе чие име е Козмо, откри нејзиниот сопруг Колин Џост на Инстаграм. Тој напиша дека станале родители и ги замоли медиумите за приватност.

„Точно е, имаме бебе. Неговото име е Козмо и многу го сакаме“, кажа Џост.

Веста за бебето е изненадување за многумина, бидејќи Џост пред само неколку дена потврди дека Скарлет е трудна. Претходно неколку медиуми шпекулираа дека глумицата можеби чека бебе, бидејќи не се појави воопшто во јавноста за време на промоцијата на филмот „Црната вдовица“, што самата го продуцираше и каде што ја игра главната улога.

Ова е прво дете за двојката, која се венча лани во октомври. Скарлет веќе има ќерка, шестгодишната Роуз, од бракот со Ромен Дуријак.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com