9.8 C
Skopje
Monday, October 18, 2021

СКАРЛЕТ ЈОХАНСОН Е БРЕМЕНА – откри на својот настап сопругот на убавата актерка

Најчитани вести

Холивудската глумица Скарлет Јохансон и нејзиниот сопруг Колин Џост очекуваат нов член во семејството, пренесе „Page six“.

Информацијата дека актерката е бремена ја сподели со јавноста нејзиниот сопруг Колин, кој на негов настап ја откри убавата вест. Од возбуда, не можеше да ги зачува овие информации, па јавно ги кажа.ж

Пред неколку месеци се шпекулираше дека Скарлет е бремена, за што таа не коментираше, но сега Колин официјално го потврди тоа на еден од неговите стенд-ап настапи, пренесе „Мирор“.

„Ќе имаме бебе и тоа е неверојатно“, возбудено изјави Колин за време на неговиот настап во Кентаки.

Двојката е во брак од 2020 година, по тригодишна врска, а Скарлет ја има шестгодишната ќерка Дороти, од првиот брак со францускиот новинар Роман Дуриак.

Колин и Скарлет се венчаа во Њујорк во нејзината куќа минатиот октомври, сакаа мала и интимна церемонија, а коронавирусотги ограничи на местото на настанот, па решија да имаат прослава во најтесниот круг на семејството и пријателите каде што секој ќе се чувствува опуштено и безбедно.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com