-2.2 C
Skopje
Monday, February 6, 2023

Скандал го тресе Чиле, фудбалерите во хотел си викнале проститутки и го прекршиле протоколот

Најчитани вести

И на Копа Америка има строг ковид-19 протокол, чилеанците го прекршиле за да си донесат проститутки во хотелот. Според медиумите од Јужна Америка, главни во скандалот се најискусните Артуро Видал и Гари Медел, покрај нив во целата манфестација учествувале уште четворица фудбалери на Чиле. Наводно овие шесторица се забавувале со девојките во некоја од хотелските соби. Од чилеанската репрезентација признаваат дека се прекршени протоколите, но негираат дека имало проститутки, според нив во хотелот влегов бербер. Сепак, сите шестмина ќе добијат парична казна од по 30.000 долари, а можно е да бидат и избркани од тимот. Копа Америка се игра во Бразил каде вирусот се уште е сериозно раширен, па сите репрезентации се должни строго да ги почитуваат мерките. Има шпеулации дека Чиле би можел да биде исфрлен од турнирот поради овој скандал што го приредиле најискусните фудбалери. Директорот на репрезентацијата на Чиле, Мартин Ласарт ќе поднесе оставка на својата функција поради скандалот. 

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести