0 C
Skopje
Thursday, January 28, 2021

Скандал во Италија: Мафијата му се заканувала на тимот на Берлускони!

Најчитани вести

Кога си дел од трета лига изгледа се е можно.

Нови скандал го потресе италијанскиот фудбал, во прашање е третата лига, односно Лига Про.

Берлускони и Галијани ја превземаа Монца и сега клубот се наоѓа на првото место во групата и се на добар пат да изборат промоција во Серија Б. Тоа би бил чекор напред кон целта на Берлускони да го однесе овој тим до првата лига.

Пред натпреварот со вториот тим на Јувентус, односно екипата до 23 години која игра во третата лига еден од фудбалерите на Монца добил закани.

Имено, тој добил телефонски повик дека ќе биде на нишан ако Монца не изгуби против Јувентус. Него му се заканувала албанската и калабријската мафија. Полицијата се обидува да го идентификува човекот кој ја пренел пораката, а се шпекулира дека закани добиле и играчи на други клубови.

Монца е убедливо прва и тој натпревар против Јувентус го доби со 4:1.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести