19.8 C
Skopje
Saturday, September 18, 2021

Скандалозно однесување на министерот за животна средина

Најчитани вести

Додека земјава руши рекорди по загадување, дали министерот за животна средина Насер Нуредини, оди по стапките на претхопдникот Садула Дураку. Денеска се обиде прво да ги одбегне новинарите, пред промоцијата на третатта анализиата за стостојбоите во животната средина. Сметатше дека нема потреба да одговори на прашањата на јавноста.

Ваквиот однос на тимот за односи со јавноста во министерството не е прв пат. Многу често одолговлекуваат со одговорите, или воопшто не одговараат на нашите прашања, особено ако е потребно тоа да го сторат пред камерите. Односот на Нуредини доаѓа како продолѓение на досегашната нетранспарентност на министерствоото. Кога денес виде дека новинарите нема да си заминат доколку не даде изјава, тој реши да прозбори, но за прашање кое тој сметал дека е важно за јавноста.

Ваквиот однос според граѓанските еко – организации зборува за негрижата кон животната средина. Од Иницијативата О2 велат дека единствено што прават надлежните откако се на власт се само паушални ветувања и ПР интервентни мерки за смирување на јавноста, реалните резултати се дека болниците се полнат од ден во ден додека надлежните анализираат без да интервенираат.

Граѓаните кои што ги анкетиравме велат дека во екот на енормно загадување носат заштитни маски и седат дома.

Само за 5 години, над 16 илјади граѓани починале како резултат на аерозагадувањето. Власта се правда дека и се потребни од 2 до 3 години за да се справи со загадувањето. Од друга страна еко активистите секојдневно алармираат за потенцијални жаришта на загадување – локалната и централната власт се правда со немање на правилници како би ги казниле загадувачите. Во меѓувреме изминативе денови земјава се најде на топ листите како најзагадени држави, Скопје и Куманово како градови со енормно загадување.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com