-2.2 C
Skopje
Sunday, February 5, 2023

Скандалозни изјави на Флорентито Перез: Раул и Касиљас се двете најголеми измами во Реал Мадид!

Најчитани вести

Бомба во шпанските медиуми, навивачите на Реал Мадрид се згрозени од аудио снимките во кои претседателот Флорентино Перез сочно плука против Касиљас и Раул.

„Касиљас не е голман за Реал Мадрид, што сакате да ви кажам. Тој не е и никогаш не бил. Тој е голема грешка која ја имаме. Има луѓе кои го обожаваат, кои сакаат да зборуваат со него, не знам. Го бранат премногу… Тој е една голема измама, втората е Раул. Тие двајца се најголемите измами во Реал Маддрид, Раул е прв, Касиљас втор“, вели Флорентино Перез.

Раул и Икер Касиљас кај навивачите важат за икони на Реал Мадрид, па чудат овие зборови на Флорентино Перез.

„Тие се многу себични, воопшто не можете да сметате на ниив, кој и да смета на нив ќе погреши. Едноставно ќе те остават да лежиш во кал и нема да ти помогнат. Ужасни луѓе и ужасни фудбалери“.

Според информациите на шпанскиот медиум, Флорентино Перез овие зборови ги кажал откако го завршил првиот претседателски мандат во Реал Мадрид.

Останува да се види дали овие снимки може да ја разнишаат позицијата на Флорентино Перез во Реал Мадрид.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести