14.8 C
Skopje
Wednesday, September 22, 2021

Си го штити новиот дечко: Џенифер Анистон воведе строги правила за Бред Пит!

Најчитани вести

Фановите на поранешните сопружници, 57-годишниот Бред Пит и 52-годишната Џенифер Анистон, полудеа кога Џенифер неодамна објави фотографија на приказна на Инстаграм на која се гледа човек во позадина кој наликува на Бред, но не може да го види неговото лице.

Тие сметаа дека тоа е последната потврда од гласините дека поранешниот пар повторно се поврзал и започнал врска, иако во медиумите се појавија вести дека станува збор за мистериозен човек, а не за Бред. Се чини дека фановите би можеле да бидат разочарани бидејќи извор близок на актерката сега за „Мирор“ потврди дека Џенифер е заљубена до уши во ново момче чиј идентитет го крие во моментов.

„Џенифер е на седмо небо и не може да ја симне насмевката од лицето“, рекол извор кој претходно открил дека нејзиното ново момче ја прави многу среќно“. Тој објасни како Џенифер воведе строги правила кон Бред, така што нејзиниот нов човек во ниту еден момент не се чувствува загрозен од нејзиниот поранешен сопруг, со кого остана во одлична пријателска врска. Таа тврди дека поранешната Рејчел од серијата „Пријатели“ го прави ова затоа што е решена да успее во својата „трета среќа“ во љубовта по два неуспешни брака, првиот со Бред и вториот со актерот, 49-годишниот Џастин Теру.

Џенифер, открива изворот, призна дека во минатото границите на нејзината врска со Бред биле нејасни. ‘Џенифер сега постави цврсти граници за новото момче да не се чувствува загрозено од Бред. Новата врска и даде поттик да воспостави здраво растојание од Бред и да ја излечи болката и тагата што ги остави од нивното минато “, рече „ инсајдерот “, посочувајќи го примерот како актерката престанала да одговара на повиците од Бред, ако тој и се јави додека е во друштво на нејзиното ново момче.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com