9.8 C
Skopje
Wednesday, September 22, 2021

Сити ќе го продаде Сане за 90 милиони, па ќе купи два играчи за 125 милиони евра

Најчитани вести

Повеќе од извесно е дека германскиот репрезентативец Лирој Сане ќе си замине од англискиот првак Манчестер сити и ќе се пресели во баварската гордост Баерн Минхен, по што Пеп Гвардиола веќе има план со две засилувања да го затвори преодниот рок и да го заокружи тимот за новата сезона во која ќе ги брани сите трофеи на домашната сцена.

Гвардиола е помирен со заминувањето на Сане и побарал од челниците да ја решат сагата за овој фудбалер, потенциајќи дека во тимот не сака незадоволни играчи и поради тоа само денови се во прашање кога Баерн и Сити ќе се договорат за трансфер вреден 90 милиони евра, иако „граѓаните“ првично објавуваа дека не преговараат за помалку од 100 милиони евра трансфер.

Англиските медиуми веќе најавија дека замената за Сане е шпанскиот репрезентативец Микел Ојарзабал од Реал Сосиедад, за кого веднаш ќе ја активираат откупната клаузула од 75 милиони евра и според последните информации спортскиот директор Аитор Бегристајн веќе работи на трансферот и само се чека продажбата на Германецот.

Второто засилување на Сити ќе биде Португалецот Жоао Кансело од Јувентус, кој од поодамна се поврзува со трансфер на Островот. Кансело не е во прв план во Торино, од поодамна чека трансфер и сега се очекува за 50 милиони евра да се договорат Сити и „старата дама“. Сити сакаше да се откачи од Данило, но засега нема понуди за него, но ако се покрие на таа позиција со Кансело ќе може да го продаде и после 8 август кога завршува преодниот рок во Англија, зашто во Европа трае овој преоден рок до крајот на август.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com