20.8 C
Skopje
Friday, June 18, 2021

Сити на Халанд му нудат безобразно голема плата

Најчитани вести

Пеп Гвардиола во летниот преоден рок мора да донесе напаѓач кој ќе го замени најголемиот најдобриот стрелец во историјата на клубот, Серхио Кун Агуеро. Аргентинецот во клубот е веќе 10 години, одиграл 379 натпревари и постигнал 256 голови. Оваа сезона има големи проблеми со повредите.

Прв пик на клубот и менаџерот Гвардиола е Норвежанецот од Борусија Дортмунд, Ерлинг Халанд. „Дејли Мејл“, во својот текст тврди дека, Манчестер сити ќе понудат 115.000.000 евра за Халанд, иако во јуни 2022 година тој ќе биде достапен за „само“ 75.000.000 евра.

Сити немаат намера да чекаат една година, со голема плата ќе се обидат да го убедат Халанд да се пресели на „Етихад“, односно да ги одбие останатите заинтересирани за неговите услуги (Манчестер јунајтед, Челси, Реал Мадрид).

Според овој извор, Манчестер сити на 20-годишниот напаѓач ќе му понудат годишна плата од 24.000.000 евра. Доколку овој трансфер биде реализиран под овие услови, тогаш Халанд ќе стане еден од најдобро платените играчи во светот.

Халанд оваа сезона одиграл 39 натпревари за Дортмунд, постигнал 38 гола и забележал осум асистенции.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести