Манчестер Сити ја продолжи соработката со играчот од средниот ред Илкеј Гундоган со екипата. Новиот договор меѓу двете страни е до јуни 2023 година.
28-годишниот играч од средниот ред пристигна од Борусија Дортмунд во 2016 година, и беше прво засилување на Пеп Гвардиола. Во овој период, Германецот одигра 114 натпревари и постигна 17 голови за тимот.
На „Етихад“, Гундоган досега има освоено 7 трофеи – двапати титулата на Англија, Лига Купот и „Комјунити Шилд“, а еднаш и ФА Купот.
„Многу сум среќен што потпишав нов договор. Уживав во последните три години во Сити и сите во клубот ми помогнаа да се чувствувам како дома уште од првиот ден тука. Привилегија е да се биде дел од овој тим, да го практикуваме нашиот стил на игра и да освојуваме трофеи. Многу е тешко да се прави тоа и јас сум среќен што сум дел овој тим. Јас сум навистина возбуден од она што можеме да го постигнеме во следните неколку сезони“, рече Гундоган.