-4.2 C
Skopje
Wednesday, December 1, 2021

Сити без Де Брујне во клучните битки, Пеп се надева дека ќе го има во тимот за ПСЖ

Најчитани вести

Кевин Де Брујне го повреди скочниот зглоб и не ѝ помогна на екипата на Манчестер Сити да избегне елиминација во полуфиналето на ФА Купот против Челзи.

Белгискиот офанзивец ја напушти играта во 48. минута, кога седна на тревникот и побара лекарска помош. Според првичните имформации, состојбата на 29-годишникот не е ветувачка.

Еден дуел со Н’Голо Канте беше кобен за најдобриот фудбалер на „граѓаните“. Тимот на Гвардиола има важни натпревари во претстојниот период, на кои многу веројатно ќе биде без својот најдобар асистент.

Сити се надева дека ќе може да смета на Де Брујне за полуфиналните дуели против ПСЖ во Лигата на шампионите. Претходно екипата од Манчестер ќе ја потврдува титулата во Премиер лигата, а потоа ќе се надигрува со Тотенхем во полуфиналето од Лига Купот.

Белгиецот беше надвор од теренот осум натпревари во јануари и февруари. Во тој период неговите соиграчи победија на сите дуели, бидејќи Илкај Гундоган, Бернардо Силва и Фил Фоден одлично си ја завршија работата и ја презедоа одговорноста.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com