33.8 C
Skopje
Wednesday, June 23, 2021

Сите ученици во Грција се вратија во училишните клупи

Најчитани вести

Со задолжителна потврда со негативен резултат од направен тест за домашна употреба, односно т.н. селф тест, како и со задолжителна употреба на маски, сите ученици од основните и средните училишта во Грција, од денеска се враќаат во училишните клупи, јави дописничката на МИА од Атина.

Минатиот месец беа отворени само повисоките класови од средните училишта, додека пак денеска, започнува редовната настава и за останатите ученици, по паузата поради рестрикциите и карантинот во земјата.

Враќањето во училишните клупи, овој пат е поразлично, со оглед на тоа дека селф тестовите се задолжителни како за учениците, така и за наставниците и професорите и тоа два пати седмично, а без соодветна потврда не е дозволен влез во училиштата.

Вчера, неколку часа имаше проблем во системот на сајтот за пријавување на резултатите од тестовите, а според грчките медиуми биле пријавени десетици позитивни резултати.

Заедно со училиштата, денеска се отворија и забавиштата, а минатата седмица беше соопштено дека на 17 мај ќе се отворат и детските градинки.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести