8.8 C
Skopje
Saturday, October 23, 2021

„Сите патишта“ на „ДНК“ посветена на скопските маала

Најчитани вести

„Сите патишта ме водат мене само во моето маало, сите спомени се таму, нè враќаат… каде пораснав јас таму… Сите спомени на едно место, сите слики што ги гледам многу често, сите фори…сите ноќи…“ ова е само дел од текстот од новата песна на групата „ДНК“ со наслов „Сите патишта“.
И зад оваа тема стојат потписите на веќе проверениот двоец – Панчо и Лазар Цветкоски, во чие студио и е снимена. Видеото, пак, е снимено во осум скопски општини и под режисерската палка на Владимир Митревски-Ѓуле, а самата приказна го следи текстот, кој, како што велат Панчо и Андреј, е создаден сосема спонтано и од срце.
– Песната е за сите оние што во срцата си ги носат своите маала. Многу емотивна тема, иако создадена случајно и спонтано, од срце. Коментарите на повеќето се дека текстот допира, па искрено веруваме дека секој што ќе ја чуе барем преку спомените ќе успееме да го вратиме во старото маало – велат Панчо и Андреј.
Кадрите за видеото се снимани во Сарај, Ѓорче, Карпош, Кисела Вода, Центар, Гази Баба, Аеродром и Бутел и, секако, на Водно каде што всушност и се заокружува целата приказна, токму онака како што Водно го заокружува нашето убаво Скопје.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com