Home » Сите несакани ефекти од краткото ноќно спиење

Сите несакани ефекти од краткото ноќно спиење

by Журнал.мк

Потребни ни се шест до осум часа за ноќе да се наспиеме. Но, што се случува ако неколку ноќи по ред спиеме лошо и помалку од тоа.

Освен што веќе по вториот ден ќе се чувствувате уморно и дезориентирано, малиот број ноќни часови предизвукуваат и други несакани ефекти со вашето тело.

Можеби мислите дека тоа ќе го средите со едночасовна дремка, но мозокот ќе почне да реагира по само неколку дена. Според сите досегашни сознанија, најдобри когнитивни реакции имаат луѓето кои спиеле 7-8 часови во текот од ноќта, додека на другите им бил потребен поголем напор.

Сепак, може да се дојде до заклучокот дека најважно е да ја најдете својата најудобна положба и да отспиете доволно саати, за вашиот мозок да може да функционира со полн капацитет.

Ако спиете помалку од шест часа преку ноќ, вашите когнитивни способности се еквивалентни на деветгодишно дете. Иако сè уште ќе бидете способни да ги завршувате своите обврски, тоа ќе го правите со намалена ефективност.

Потоа, ако проблемот трае континуирано, може да се случи нарушување на работата на жлездите со внатрешно лачење, па настанува дисбаланс во лачењето на серотонинот, допаминот и кортизолот. Токму затоа и сте пораздразливи од обично.

Освен на мозокот, краткото спиење влијае и на телото. Со тоа го зголемувате ризикот за прекумерна тежина, хронични заболувања, па дури и ризик за смртност на помлади години.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk