17.8 C
Skopje
Thursday, June 17, 2021

СИТЕ МИСЛЕА ДЕКА Е СЛАВЕНИОТ АКТЕР: Се покажа дека зад лажното видео на Тикток, поради кое беше измамен целиот свет, стоеше тим од сериозни професионалци!

Најчитани вести

Видеото од Том Круз како прави магичен трик и игра голф се чини дека претставува вистинска закана за глобалната демократија. Или барем тоа е реакцијата на масите кои реагираа на овие лажни снимки од Том.

Овие интересни, но очигледно лажни видеа честопати се презентираат во јавноста како закана за општеството, бидејќи оваа технологија сега создава толку квалитетни снимки што просечен корисник не може да разбере дека станува збор за дезинформација, лажна снимка.

Овие видеа на Том Круз, објавени на сметка @deeptomcruise на мрежата Тик Ток, се прегледани повеќе од единаесет милиони пати на оваа апликација и многу повеќе на други платформи. Тие одеднаш беа избришани од ТикТок, кратко време откако VICE News ги контактираше луѓето што ги создадоа.

Откако овие видеа станаа познати, Том Круз отвори проверена сметка на „ТикТок“, досега нема објавено ништо и има само 17.700 следбеници – во споредба со 384.000 следбеници со профилот @deeptomcruise.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести