14.8 C
Skopje
Thursday, October 21, 2021

Сите детали за најевтин СУВ на Hyundai што чини 12.000 долари (Видео)

Најчитани вести

Мал, убав и неверојатно практичен. Сите го очекуваат со нетрпение во Европа. Ама, дали ќе дојде во Европа?

Првиот ден откако симпатичниот Hyundai Casper се појави во продажба во Кореја, потврдено е дека имало речиси 19.000 резервации. Casper станува најмалиот и најдостапниот СУВ во понудата на корејскиот бренд. Сериското производство на малиот СУВ почна на 15 септември во фабриката во Ганжу во Кореја.

Во Западна Европа, особено во Германија, луѓето сакаат кросовери и теренци. Уште понеразбирливо е што овој тренд се уште не се проширил во класата на мали автомобили. Досега само Suzuki Ignis и Fiat Panda се со погон на сите тркала. Пред многу години VW не се осмели да ја реализира студијата Taigan и иднината на студијата слична на SUV на Toyota Aygo сe уште е неизвесна.

Додека ги гледаме само фотографиите од Casper, na YouTube каналот на Asian Petrolhead веќе пристигна и видео со детален поглед на Casper. Toj e прикажан како мал, практичен кросовер со изненадувачки број на стандардни удобности и безбедносни функции. Видеото ги нагласува овие, вклучувајќи го и системот за предупредување за излегување од лента, системот за предупредување од судир и асистентот за долги светла, кои се стандардна опрема.

Дизајнот на Casper е многу успешен со заоблените фарови и решетката на ладилникот при што црните лајсни му даваат облик на поинаку дизјанирана кутија

Видеото покажува дека има многу простор на предните и задните седишта за високи патници, но најголемиот трик во внатрешноста е неговата разновидност. Сите седишта може да се преклопат за да се создаде голем простор за складирање.

Внатрешноста е исто така опремена со некои практични карактеристики, како што е дигитална табла со инструменти од 4,0 инчи, доволно простор за складирање во контролната табла, два држачи за чаши со полица за телефон и многу повеќе. Casper во видеото има надградена внатрешност со голем инфо -забавен екран со допир. Стандардниот екран е многу помал.

Aомобилот во видеото е опремен и со опционален 1.0-литарски турбо мотор, кој има моќност од 100 КС и вртежен момент од 170 Њм. Стандардниот 1.0-литарски трицилиндарски атмосферски мотор има моќност од 75 КС и вртежен момент од 95 Њм .

Останува само прашањето, дали овој автомобил ќе пристигне во Европа?

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com