28.8 C
Skopje
Thursday, August 5, 2021

СИТЕ ДАМИ ОД СЕМЕЈСТВОТО ВЕРГАРА: Толку личат една на друга, а нивниот живот е бележан со голема трагедија

Најчитани вести

Популарната Софија Вергара обожава да поминува квалитетно време со своето семејство и со сопругот.

Тие среќни моменти ги споделува на профилот на Инстаграм. Особено ги обожава членките на своето семејство, жените Вергара, со кои многу е блиска.

Она што нејзините следбеници забележаа е дека таа и нејзините сестра, мајка и братучетки многу личат една на друга, како да се близначки. Во еден од коментарите добиле предлог да снимаат реално шоу и дека сигурно ќе бидат поуспешни од Кардашијан.

Она што ги прави уште поблиски е една голема трагедија од нивното минато. Софија е едно од петте деца на семејството Вергара. Се занимавале со сточарство и биле имотни. Токму затоа биле и цел на грабежи и напади, а ситуацијата кулминирала со убиството на нејзиниот најстар брат Рафаел.

Нејзиниот најмал брат, Хулио, бил доста проблематичен и од 2011 е депортиран назад во Колумбија и оттогаш семејството го нема видено. Но, тие што се останати во Америка се држат едни за други и не дозволуваат ништо да им застане на патот.Извор:slobodenpecat.mk

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести