23.8 C
Skopje
Friday, June 25, 2021

Сите бегаат од ГЕРБ, партијата на Борисов е во изолација

Најчитани вести

Поранешниот министер за надворешни работи, Даниел Митов, го доби мандатот да ја состави новата бугарска влада, но за него тоа е невозможна мисија затоа што партијата ГЕРБ е ставена во целосна изолација од страна на другите политички сили.

„ГЕРБ е токсична. Нема заткулисни разговори, нема преговори. ДПС ги следи одлуките на своите колективни тела – ние ќе ги поддржиме трите нови формации во нивните напори да формираат мнозинство во парламентот и кабинетот, но со јасни цели и хоризонти“, изјави денеска потпретседателот на ДПС, Јордан Цонев, околу можните разговори зад сцената со партијата на Бојко Борисов.

Неговата изјава за „токсичноста“ на ГЕРБ го отсликува расположението меѓу парламентарните партии по изборите. Тоа вчера го објасни и поранешниот премиер и многу искусен политичар, Иван Костов:

„ГЕРБ е во политичка изолација. Веќе неколку недели тие не се прашуваат зошто се наоѓаат во оваа изолација. Но, ако не го најдат одговорот, ризикуваат да останат изолирани во иднина. Не постои можност за освојување мнозинство во парламентот“, изјави Костов на националното радио.

Според него, политиката не е да се прават отстапки при протести или да се потклекнува по притисок на лобистите, „не е задоволување на емициите и возбудата на една или друга заедница. Не е да се следи струјата. Тоа го прават мртвите риби и ѓубрето. Вистинската политика е да ги убедиме и инспирираме луѓето да дадат повеќе од себе“, изјави Костов.

Премиерот Бојко Борисов денеска во изјава за медиумите ги обвини своите противници во парламентот дека водат заткулисни разговори за формирање влада и побара од нив да формираат влада, зашто, во спротивно, „ќе испаднат кукавици“. Но во исто време ја повтори поканата за Демократска Бугарија да ја поддржи владата на ГЕРБ. Лидерот на Демократска Бугарија, Христо Иванов, беше моторот што ги покрена антивладините протести минатото лето против корупцијата и олигарсите.

Борисов даде долга изјава за новинарите кои го чекаа пред болницата, каде што во понеделникот беше опериран поради повреда на менискусот за време на фудбалски натпревар.

Даниел Митов, пак се бори да не биде целосно понижен од ривалите и денеска за БТВ изјави дека „волјата на 840.000 гласачи не може лесно да се игнорира. Секој обид за заобиколување на ГЕРБ ќе биде казнет од гласачите“.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести