-0.2 C
Skopje
Sunday, December 5, 2021

Сиромашните луѓе пропаѓаат поради една заедничка работа

Најчитани вести

„На сиромашните луѓе најтешко е да ги задoволите“, вели Џек Ма, основачот на сајтот „Алибаба“.

Џек Ма на почетокот од својата кариера направил катастрофална грешка одбивајќи ја можноста за вработување, но подоцна го основал сајтот „Алибаба“, кинескиот гигант за интернет трговија.

Ма станал најбогатиот човек во Кина и еден од најуспешните претприемачи на светот.

Еве што има да каже тој за неуспехот и сиромаштијата:

„На сиромашните луѓе најтешко е да ги задоволите. Дајте им нешто бесплатно, ќе помислат дека тоа е замка.

Кажете им дека тоа е само мала инвестиција, тие ќе ви кажат дека не заработуваат многу.

Кажете им да пробаат нови работи, тие ќе ви кажат дека немаат искуство.

Кажете им дека тоа е традиционална работа, тие ќе ви кажат дека тоа е тешко.

Кажете им дека тоа е нов модел, тие ќе ви кажат дека е пирамида.

Кажете им да отворат фирма, тие ќе ви речат – немаме слобода.

Кажете им да започнат нова работа, тие ќе ви кажат дека немаат докази дека нивниот бизнис би успеал.

Овие луѓе имаат нешто заедничко – сакаат да го прашуваат Google, да ги слушаат пријателите кои се безнадежни како нив, во мислите се повеќе и од универзитетски професори, а помалку од слепци.

Само прашајте ги што можат да направат? Нема да ви одговорат.

Мој заклучок:

„Наместо срцето да ви чука побрзо, зошто едноставно не би делувале малку побрзо. Наместо само да размислувате на тоа, зошто не би го направиле тоа што го мислите.

Сиромашните луѓе пропаѓаат поради една заедничка работа – цел живот го минуваат во чекање“.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com