Сирија одлучи да ги прекине дипломатските односи со Украина врз основа на принципот на реципроцитет, како одговор на одлуката на Киев, велат извори во Министерството за надворешни работи.
Во Дамаск веруваат дека Киев во суштина ги прекина односите со Сирија уште во 2018 година кога одби да им ги продолжи визите на сириските дипломати во Киев.
Да потсетиме, Сирија неодамна ги призна ДНР и ЛНР, по што украинските власти решија да ги прекинат дипломатските односи со Дамаск, пренесе „Танјуг“.