5 C
Skopje
Thursday, January 21, 2021

Сириското МНР: САД го изведоа нападот врз рафинеријата во Хомс

Најчитани вести

Беспилотни летала од американската база во Ал Танф извршија напад врз рафинеријата во областа Хомс, изјави сирискиот министер за надворешни работи, Валид Муалем, на средбата со рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, пренесува ТАСС.

„САД, користејќи ја својата нелегална воена база во Ал Танф, испратија дронови во Хомс и извршија воздушни напади врз инфраструктурата за рафинирање на нафтата. Тоа се случи пред четири дена“, коментира министерот.

„Би сакал да посочам дека ова се случува во зима, кога имаме огромна потреба од нафта и гас. Вчера и Израел изврши напад Сирија, испукајќи голем број ракети кон Дамаск и предградијата“, рече Муалем.

Сириското министерство за нафта претходно објави дека нападот врз рафинеријата во Хомс го извршиле терористи. Според министерството, неколку производствени единици прекинале со работа.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести