14.8 C
Skopje
Saturday, October 23, 2021

Сириската водушна одбрана пресретнала ракета истрелана од Израел

Најчитани вести

Сириската противвоздушна одбрана отворила оган врз ракети истрелани од територијата на Израел, пренесува САНА, додавајќи дека една од ракетите била соборена во предградието Сет Зајнаб на Дамаск.

Сириската телевизија не објави детали за нападот, но жителите на Дамаск навеле дека доцна синоќа слушнале експлозии во близина на сириската престолнина.Израел нема коментар за инцидентот, следејќи ја својата политика да не коментира вести од странски медиуми.

Опозицискиот Сириски Центар за мониторинг на човековите права со седиште во Велика Британија, соопшти дека цел на ракетниот напад биле иранските и сириските воени позиции во близината на Дамаск.Според центарот, во нападите загинале тројца луѓе и била предизвикана материјална штета.

За време на ракетниот напад врз Сирија во соседен Либан се слушнале израелските борбени авиони.
Дамаск претходно соопшти дека израелските борбени авиони истрелале ракети врз Сирија од воздушниот простор на Либан.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com