17.8 C
Skopje
Friday, September 30, 2022

Син и татко од Гостивар обвинети за насилство

Најчитани вести

По спроведена претходна постапка, Основното јавно обвинителство Гостивар денеска поднесе Обвинителен предлог против две лица кои се товарат за кривично дело – Насилство од член 386 став 3 во врска со став 1 и во врска со член 22 од Кривичниот законик.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

Двајцата соизвршители, син и татко на возраст од 30 и 54 години, наведеното дело го сториле на 20 април, во чекалница пред судница на гостиварскиот суд. Тие физички ја нападнале поранешната вонбрачна сопруга на првообвинетиот и нејзиниот татко, удирајќи ги со тупаници и клоци по главата и телото и нанесувајќи им телесни повреди. Во исто време, обвинетите со своето однесување предизвикале чувство на вознемиреност и страв и кај другите присутни.

Надлежниот јавен обвинител до Основниот суд во Гостивар достави и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за првообвинетиот, инаку полициски службеник, додека за неговиот татко на сила се определените мерки на претпазливост.​​

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com