-5.2 C
Skopje
Saturday, January 22, 2022

Синот на Том Хенкс доби тужба затоа што ја тепал девојка му

Најчитани вести

Синот на холивудскиот глумец, Том Хенкс, Чет, заработи тужба за напад на девојка му Кијана Паркер. Таа вели дека тој станал насилен откако родителите прекинале да му даваат пари.

Чет почнал да пие многу алкохол на почетокот на минатата година, во периодот кога пандемијата со коронавирусот почнла да се шири низ земјата вели Кијана. Кога за тоа дознале Том и неговата сопруга Рита, тие престанале да му даваат пари.

„Се беше во ред со нашата врска додека тој не почна да пие. На почетокот беше океј со мене. Имаше само работа со неговите мама и тато кој му даваа пари. Кога дознаа дека почна да пие, тие прекинаа да го финансираат“, изјавила Кијана.

Таа вели дека на Чет му снемале пари, а неговиот цимер си заминал, па тој немал каде да оди. Кијана му помогнала да најде ново место.

„Имаше лоши денови, особено кога ќе добиеше порака од родителите. Се бореше против многу демони и имаше многу проблеми“, рече Дијана.

 По тужбата на Чет возвратил со контра-тужба, обвинувајќи ја Дијана дека му ги украла парите.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com