7.8 C
Skopje
Saturday, December 3, 2022

Синот на Кајли Џенер има 7 месеци и НЕМА ИМЕ! Чекале да порасне и сам да си одберел име

Најчитани вести

Популарната Кајли Џенер доби син, но иако поминаа 7 месеци, името на момчето не е познато. Имено, иако првобитното име на момчето било Волф, Тревис и Кајли брзо се предомислиле. Гордата мајка откри дека името на момчето сè уште е законски Волк, но таа сака да го промени тоа.

– Навистина немавме име. Мислев дека ќе ни падне на памет кога ќе го видиме. Но, не, изјавила Кајли и додала дека го нарекла Волк кога морала да го потпише изводот на родени бидејќи „чувствувала притисок“.

– Го нарековме Волк и веднаш откако го потпишав изводот, си помислив: Што направив? – рекла таа и открила дека Тревис постојано се премислувал окол името.

– Тревис веќе неколку пати му го смени името. Ќе му се допадне, а утре пак сака да го промени. Реков: Не можеме вака повеќе – рекла таа и се пошегувала дека сега чекаат „малиот да порасне и сам да си даде име“.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести