-6.2 C
Skopje
Tuesday, January 25, 2022

Синот на Гадафи ја напушти Либија, се пресели во Турција

Најчитани вести

“Либиската влада побара Саади Гадафи да ја напушти Либија веднаш по излегувањето од затвор. Саади Гадафи одлучи да замине во Турција. Неговото пристигнување го организираше турското Министерство за надворешни работи”, изјави портпаролот на синот на соборениот диктатор Муса Ибрахим Гадафи за порталот Haberler.com.

Саади Гадафи, поранешен фудбалер кој отслужи затворска казна во Триполи од 2014 година, беше ослободен во неделата заедно со неколку блиски соработници на Гадафи, кој владееше со Либија од 1969 до 2011 година.

Шефот на турската дипломатија одбил да ги коментира информациите за пристигнувањето на Гадафи во Турција.

Портпаролот рече дека Египет и Саудиска Арабија, исто така, објавиле дека сакаат да го примат.

“Заедничката одлука на сите вклучени страни беше тоа да биде Турција. Поедноставно е во логистичка смисла. Саади исто така беше за Турција и така е договорено”, додаде тој.

Саади Гадафи, кој беше екстрадиран од Нигер на 6 март 2014 година, каде што побегна по бунтот во 2011 година во кој неговиот татко беше соборен и убиен, му се судеше во април 2018 година, а апелациониот суд во Триполи го ослободи од обвинението за убиство на поранешен фудбалски тренер Башир Рајан во 2005 година.

Либија е во хаос од 2011 година, а во последните години имаше две ривалски власти во земјата, на исток и на запад.

Истовремено со политичкиот процес за излез на земјата од кризата, се прават напори, со помош на ОН, да се постигне национално помирување.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com