0 C
Skopje
Monday, March 1, 2021

Синот на Бекам раскина со девојката

Најчитани вести

Синот на легендарниот фудбалер Дејвид Бекам и модната дизајнерка Викторија, Бруклин, раскина со неговата девојка Хана Крос. Медиумите пренесуваат дека неговите родители го поддржуваат во ваквата одлука.

Дејвид и Викторија сметале дека нивната врска е токсична, првенствено поради жестоките расправии во јавноста. Младата двојка често си викале еден на друг на улица, а имало и случај кога физички се пресметале во еден хотел.

Папараците успеале да ги снимат додека се расправаат и во кола. Двајцата плачат и викаат еден на друг, а расправијата продолжила и пред ресторанот. Тогаш како заштитник реагирал помладиот брат на Бруклин, Ромеа, кој ја држел Хана. Причина за расправиите била љубомората на Бруклин.

Бекамови летово беа во посета на разни дестинации, меѓу кои и Црна Гора. Бруклин беше со нив, а Дејвид и Викторија досега неколкупати му сугерирале да ја прекине врската со Хана, за која во јавноста се зборувало дека е многу агресивна. Поранешната двојка последен пат се видени заедно на финалето на Вимбелдон.Текстот Синот на Бекам раскина со девојката е превземен од Reporter.mk.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести