Куманово, 24 септмември- Синоќа Р.С. (65) од Куманово пријавил дека во неговиот дом на улицата „Драги Шутевски” неговите синови И.С. (30) и Е.С. (17) извршиле разбојништво над него.
Според пријавеното, тие со употреба на сила влегле во домот и му одзеле пари. За време на увидот парите биле пронајдени во дворот. По расчистување на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.