12.8 C
Skopje
Monday, June 14, 2021

Синиша Михајловиќ од лето седнува на клупата на италијанскиот гигант !?

Најчитани вести

Српскиот стручњак Синиша Михајловиќ од лето би можел да седне на клупата на Лацио.

Според италијанските медиуми, претседателот на Лацио, Клаудио Лотито сериозно размислува да го смени шефот на стручниот штаб и спортскиот директор.

Наводно, првиот човек на „небесно сините“ е незадоволен од играта на тимот, поради што цехот ќе го плати Симоне Инзаги, но и спортскиот директор Игли Тара.

Тренерот на Болоња, Синиша Михајловиќ се споменува како можен наследник на Инзаги, додека Тареа може да го наследи Мауро Бјанкеси како спортски директор.

Да потсетиме, Лацио во моментов е на 7-то место на табелата со 49 бода, шест помалку од Јувентус, кој е на 4-то место, последниот што гарантира учество во Лигата на шампионите.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести