17.8 C
Skopje
Friday, October 22, 2021

Симпозиум на Југоисточна Европа за зеленчук и компир

Најчитани вести

Од денеска до 26 септември ќе се одржи осмото издание на Симпозиум на Југо-Источна Европа за зеленчук и компир, во коорганизација на Факултетот за земјоделски науки и храна – УКИМ, а под покровителство на International Society for Horticultural Sciences (ISHS).

Како што најавија организаторите, настанот ќе се одржи виртуелно, а покрај деканот на Факултетот за земјоделски науки и храна, проф. д-р Вјекослав Танасковиќ, на отворањето поздравно обраќање ќе има министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Арјанит Хоџа како и претставници од FAO и ISHS.

Воведничари се професорите Јуксел Тузел од Универзитетот Еге во Измир, Турција и Даниел Лесковар од Истражувачкиот центар за Земјоделство и машинство од САД. Работниот јазик е англиски.

Симпозиумот ќе може да се проследи на јутјуб каналот на факултетот.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com