1 C
Skopje
Monday, March 8, 2021

Симоне Инзаги: Овој натпревар е шлаг на тортата

Најчитани вести

Тренерот на Лацио, Симоне Инзаги, изјави денеска дека против актуелниот европски шампион Баерн Минхен е речиси невозможно да се игра, но дека неговата екипа во престојниот двомеч во Лигата на шампионите ќе направи се што е потребно за да остане во игра.

„Баерн стана клупски светски шампион, одиграа нерешено и загубија во последните два натпревари, но после пет последователни победи. Овој натпревар е шлаг на тортата за работата која досега ја работевме, а јас се концентрирам на силата на Лацио, повеќе отколку на слабостите на Баерн“, изјави Инзаги на прес-конференцијата.

Лацио во вторник од 21 часот во Рим ја дочекува екипата на Баерн, во првиот меч од осминафиналето од Лигата на шампионите.

„Ќе се трудиме да одиграме најдобро што можеме, како секогаш што се трудиме. Сакаме да останеме во трката на секој начин. Знаеме дека против нив речиси е невозможно да се игра, но успевавме во тоа во минатото, и покрај тоа што не бевме фаворити. Зрели сме, минатата година игравме во неколку финалиња и во четвртфиналето од Лигата на Европа“, изјави тренерот на римската екипа.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести