15.8 C
Skopje
Thursday, June 17, 2021

Симовски: Не сме полицајци за да знаеме кој попишувач се занимава со криминал

Најчитани вести

Ние сме статистичари, а не полицајци за да знаеме дали некој од пријавените попишувачи се занимава со криминал, изјави за Плусинфо директорот на Државниот завод за статистика (ДЗС), Апостол Симовски, откако вчера портпаролот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ посочи дека еден од попишувачите во Сарај е уапсен во полициската акција „Планина“.

Симовски објаснува дека изборот на попишувачи се врши преку јавен конкурс и дека Законот за попис дозволува да се пријави секој што ги исполнува условите.

– Како ние да знаеме дали некој попишувач се занимава со нелегална работа? Сите заинтересирани граѓани доброволно се пријавуваат на јавниот конкурс за попишувачи, а условот е да се наши државјани, да се полнолетни, да имаат завршено средно образование и да немаат засновано редовен работен однос. Впрочем, ние овие луѓе ги ангажираме привремено, а не ги вработуваме. Зарем треба да го испрашуваме секој попишувач посебно? Ние сме статистичари, а не полицајци – истакна Симовски и додаде дека од негова страна ниту еден закон не е прекршен и дека паѓа во вода барањето од ВМРО-ДПМНЕ да си поднесе оставка.

Во врска со лаптопите за кои вчера попишувачите добиле абер од ДЗС дека треба да ги вратат поради тоа што пописот е одложен за септември, Симовски рече дека сите до еден ги вратиле компјутерите.

– Сите попишувачи ги вратија компјутерите кај локалната комисија низ целата држава, но сега ние треба да организираме транспорт за да ги повлечеме лаптопите и да ги складираме во нашиот објект во Скопје – рече Симовски.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести