6 C
Skopje
Saturday, April 17, 2021

Симовски: Нема да дозволиме пописот да биде причина за ширење на вирусот

Најчитани вести

Во овие моменти има услови да се спроведе пописот на терен, но секој поединец мора да ги почитува безбедносните протоколи, изјави денеска директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски по неговата средба со министерот за надворешни работи Бујар Османи и претставници на трите најголеми верски заедници во земјава.

– Комисијата за заразни болести апсолутно ја следи состојбата на дневна основа. Ако ситуацијата стане таква што спроведувањето на пописот ќе биде нецилисходно и Комисијата препорача одлагање, ние апсолутно ќе го почитуваме тоа. Нема да дозволиме никој да биде ставен во опасност и да бидеме причина за ширење на вирусот, истакна Симовски, одговарајќи на новинарско прашање дали ДЗС размислува за одлагање на пописот, имајќи предвид дека расте бројот на новоинфицирани со Ковид-19.

Во однос на изборот за попишувачи, Симовски изјави дека на првиот конкурс во 15-16 региони не се пријавиле доволен број попишувачи, поради што е објавен дополнителен конкурс што треба да заврши во недела.

Одговарајќи на новинарско прашање за тоа од која земја има најмногу самопопишани наши иселеници, Симовски изјави дека ДЗС засега нема такви податоци, нагласувајќи дека дополнително и не се отвора базата за да се прават такви анализи, со оглед дека имаше деизнформации за некакви хакерски упади во системот.

– Базата е целосно заштитена, а се нејзино неотворање сакаме дополнително да ја заштитиме, додека не спласне оваа тензија дека е можно нешто такво, додаде Симовски.

Министерот Османи, од своја страна, изјави дека се користат сите можни начини за информирање на иселениците независно каде живеат, првенствено преку ДКП-та, од каде се добиени различни идеи и планови за контакти со лицата во дијаспората.

– Во наредните денови ќе имам посети низ европските држави каде покрај со моите колеги, ќе имам средби и со претсатвници на нашата дијаспора за да им пренесам дека сме во фаза на попис, изјави Османи.

Тој додаде дека за информирање на нашите иселеници се користат и социјалните мрежи, МНР има отворено и контакт телефон за дијаспората, а и медиумите имаат важна улога во тој процес, бидејќи нашинците во странство ги следат преку интернет.

– Имаме историска шанса да добиеме јасна слика колку не има во светот и како тоа да го ставиме во функција на понатамошен развој на државата, но и да им помогнеме на ислениците во нивните секојдневни животи, додаде Османи.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести