-0.2 C
Skopje
Tuesday, October 26, 2021

Симовски: Колку што е безбедно во продавница, толку е безбедно да примите попишувач

Најчитани вести

Директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски во својот последен коментар за престојниот попис во септември одговори дека половина од попишувачите се вакцинирани и дека за домаќинствата е безбедно да ги примат во своите домови исто како што „е исто како што е безбедно да се влезе во продавница и да се купат основни намирници“.

– Како што е безбедно да влезете во продавница да купите намирници основни елементарни. Тоа го правиме секојдневно речиси две години. Колку што е безбедно да прошетате било каде, затоа што веќе не живееме затворени, не сме изолирани како што бевме на почетокот на пандемијата. Погледнете ги кафеаните полни се, преполни, рече Симовски.

Вчера заврши вториот јавен конкурс на Државниот завод за статистика за ангажирање реонски попишувачи и инструктори за претстојниот Попис на населението, домаќинствата и становите требаше да заврши денеска, а директорот Апостол Симовски вели дека и овој повик завршил без доволниот број на кандидати.

Инаку конкурсот беше отворен на 20 јули и првично требаше да трае до 5 август, но поради летните одмори беше продолжен до 12 август. Конкурсот ќе биде продолжен по втор пат.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com