16.8 C
Skopje
Monday, June 21, 2021

Симеоне: Суарез знае да решава вакви натпревари

Најчитани вести

Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, со бирани зборови, говорел по драматичната победа над Осасуна (2:1), говорел за напаѓачот Луис Суарез.

Атлетико, во неделата, имаше гол негатива против Осасуна до 82.минута, а потоа за шест минути со головите на Ренан Лоди во 82. и Луис Суарез 88.минута направи целосен пресврт. Со оваа победа, во пресрет на последното коло, Атлетико ја задржа предноста од два бода во однос на Реал Мадрид.

„Сите знаеме дека секогаш можеме да сметаме на Луис. Неверојатно е неговото лидерство, а кој може подобро од него да решава вакви натпревари. Да не беше тој ќе го изгубевме мечот“, рекол Симеоне.

Голот против Осасуна беше 20 за Суарез во Ла Лига. Тој е третиот играч во историјата на Атлетико, кој во деби сезоната за клубот постигнал најмалку 20 голови. Претходно тоа го направиле Радамел Фалкао и Антоан Гризман.

Во последното коло Атлетико ќе гостува кај Ваљадолид, а Реал ќе го пречека Виљареал.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести