17.8 C
Skopje
Monday, October 3, 2022

Симеоне за ставот на Гвардиола: Интелигентните те фалат со презир, но ние не сме глупи

Најчитани вести

Атлетико Мадрид не успеа да се пласира во полуфиналето, во Лигата на шампионите. Манчестер сити во Мадрид успеа да ја одбрани предноста од еден гол.

Двомечот кој беше исклучително напнат и кој имаше свое трето полувреме во тунелот на „Ванда Метрополитано“, го реши голот на Де Брујне во првиот дуел. Атлетико имаше свои шанси во реваншот, особено синоќа во второто полувреме, но не успеа да постигне гол.

Тренерот на Атлетико, Диего Симеоне, рекол дека е горд на своите играчи поради начинот на кој се бореле и дека е тажен што не успеале да поминат во полуфиналето.

Симеоне одговорил и на прашањето дали почувствувал дека Пеп Гвардиола му се обраќал со непочитување.

„Не морам да давам мислење дали некој зборува добро или не. Многупати оние кои имаат одличен речник се многу интелигентни и ве фалат со презир. Ние кои можеби имаме посиромашен речник не сме толку глупави“, одговори Аргентинецот.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com