Професорката Гордана Силјановка Давкова по повод Денот на македонската револуционерна борба упати честитка во која укажа дека треба да сме горди на иторијата и културата на Македонија.
„Ние, Македонците, не сме поинакви од другите.
Ако нацијата е имагинарна заедница, имагинарноста не важи само за нас, ами за сите нации. Ако тие настанале во 19 и 20 век, тогаш и ние се вклопуваме во оваа тенденција.
Наше право е да бидеме македонски народ, да се идентификуваме како македонска нација, да се гордееме со македонската историја И култура, да го негуваме прекрасниот македонски јазик на кој пишувале и пееле славни писатели и поети, се образувале многу генерации, со страст го учеле немакедонци, јазични експерти тврделе и тврдат дека е посебен, милозвучен и мелодичен, дека пее и се смее кога се говори.
Никој, заради ниту една цел, без оглед со каков ореол е закитена, нема право да не обезнародува, обезличува и обезименува.
Немало друга модерна македонска нација, македонска држава, ниту друг македонски јазик! Секој народ има право на историја по свое, па и ние.
Честит празник“ – стои во честитката на Силјановска Давкова.