14.8 C
Skopje
Saturday, July 24, 2021

Силјановска Давкова: Ваков попис нема ниту во една европска држава

Најчитани вести

Пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова во својата изјава за медиумите рече дека можеби некому му изгледа невообичаено, некој кој се занимава со право цел живот, и кој повикува на процедури, да се потпише на ваков начин. Но, ќе објаснам, зошто се потпишав и што мислам за овој чин. Мислам дека тоа своевиден граѓански и политички протест против еден лош Закон, од Аристотел преку Монтескје до нас, значи граѓаните имаат право на протест. На граѓански протест, па ако сакате и на бунт. Зошто го правам тоа овде? Бидејќи секој ден слушаме па зошто не поднесете предлог на Закон, зошто не го оспорите Законот на Уставен суд итн, изјави денеска за медиумите,

– Еве, јас ќе објаснам, ние веќе сме поднеле неколку закони, меѓутоа не дошле на дневен ред. Зошто? Заради хибридниот режим. Ние исто така сме поднеле неколку иницијативи пред Уставниот суд меѓутоа не дошле на дневен ред. Зошто? Заради хибридниот режим. Исто така ние знаеме дека 10.000 граѓани можат со потписи исто така да предложат закон, но тврдам дека во хибриден режим и во ова Собрание нема да дојде на дневен ред. Некој ќе праша што со референдумот, за жал во 2008 година со измена на Законот за референдум и други облици на непосредно изјаснување за т.н. закони што се носат со двојно мнозинство невозможен е референдумот. Што е заклучокот значи? Заклучокот е дека тогаш вие мора во еден хибриден режим соодветно да реагирате. Јас одговорно тврдам дека овој закон ако влезе во редовна процедура, иако во демократски манир опозицијата беше вклучена во процесот на одлучување бидејќи ние поднесовме речиси 50-тина амандмани, амандманите не беа за точки и запирки туку беа точно за одредби од регулативата и од директивите на кои се повикуваат. Ништо од нив, ниту еден не беше усвоен, зошто? Зошто преку ноќ ја трансформираа постапката во постапка под европско знаме, злоупотребено, скратена постапка и имаше само три дена. Да кажам би сакала навистина Европската комисија и унија да реагира како што реагираше за Законот за лични карти. Зошто? Еве живо сум заинтересирана за пример на земја во која на попис наместо резидентното население она со постојано живеалиште значи вие и јас кои тука го поминуваме денот во домот и остануваме тука да спиеме токму таква е одредбата од регулативата, дали има таков пример некаде каде што се попишуваат оние кои што се надвор повеќе од 12 месеци. Замислете ваков попис во Ирска или во соседна Грција, или во соседна Бугарија, или во Италија колкав ќе биде бројот на жителите односно на вкупното население. Зошто е ова важно? За да заклучам дека овој закон не е правна рамка за статистика оти статистиката е потребна за утре да планираме здравство, образование, култура, социјална заштита, туку за политика – истакна таа.

– Или за трансформација за еден политичко, етнички ако сакате пазарен партиски договор во законот. Таквите закони се лоши закони. Уште една поента, еве нека ми каже некој дали има закон за попис било каде во регионот или во Европа во која т.н. најинформирано лице поим кој нема врска со правото може да ги даде сите податоци за отсутните па дури и да ја декларира нивната етничка припадност, иако во сите меѓународни и европски документи само лично може да ја изразите етничката и верската припадност. И завршувам. Нека ми покаже некој закон во кој заменик директорот на Заводот за статистика, инаку политичар, има право на вето на одлуките што ги носи директорот. Тоа не е политика во границите на правото. И затоа јас за да покажам дека граѓаните имаат право на пристојна нормална, досадна држава, држава во која владее правото, а не луѓето дојдов овде за да потсетам дека овој закон е лош закон и дека се уште има време да се размисли за некој нов закон, посочи Силјановска.

– Заклучувам, згора уставна одредба е дека вие, јас, министрите пратениците, лидерите на партиите се должни да го чуваат сопствено здравје, ама и здравјето на другите. Јас имам дилема дали во ваква состојба кризна каде можеби 15-тина држави го одложија пописот далеку поорганизирани од нас, некој ми гарантира за моето здравје или дали јас можам да му гарантирам на оној кој ќе дојде кај мене дека ќе остане здрав – додаде таа.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести