7.4 C
Skopje
Tuesday, January 26, 2021

Силна експлозија вечерва во битолската „Киро Дандаро“ ВИДЕО

Најчитани вести

Силна експлозија доцна вечерва ги вознемири жителите на Битола кои се наоѓале во близина на спортската сала „Боро Чурлевски“. Според информации на ТВ21, силна експлозија се случила во фабриката „Киро Дандаро“, по што веднаш интервенирале екипи на ТППЕ од Битола, пренесе вечерва ТВ21

Според сведоци на настанот, експлозијата била силна, а подоцна се гледало и чад. Не е познато што експлодирало и дали тоа би предизвикало штети.

Во моментов вклучен е алармот во целата фабрика. Нема информации дали при експлозијата има повредени лица.

Од ТППЕ за ТВ21 велат дека екипи се на терен, а со повеќе информации ќе излезат во текот на утрешниот ден.

Фабриката во која се случила експлозијата е позната по тоа што веќе неколку години го печатни изборниот материјал.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести