-4 C
Skopje
Tuesday, January 19, 2021

Силите на Хафтар му дадоа на Триполи рок од три дена

Најчитани вести

Либиската национална армија на генералот Калифа Хафтар (ЛНА), која почна офанзива на Триполи, седиштето на меѓународно призната влада, ѝ даде на полицијата на Мисрата, која го брани градот, рок од три дена да се повлече.

Во соопштението, ЛНП ја предупредува милицијата да се повлече од Триполи и Сирт или во спротивно Мисрата ќе биде цел на секојдневни напади.

Борбите за Триполи траат веќе четири месеци, а минатата недела генералот Калифа Хафтар објави дека почнала круцијална битка за главниот град.

Најавата од силите на Хафтар следуваше по воздушните напади што ги извршиле во магацин на турско оружје и воена опрема во Триполи.

Нападот предизвика осуда на премиерот Фајез Сара, кој рече дека има цивилни жртви.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести