9.8 C
Skopje
Saturday, October 23, 2021

Силен земјотрес во Пакистан со десетици жртви

Најчитани вести

Во првите извештаи се јавува за најмалку 20 загинати и преку 300 повредени луѓе. Посебно погодена е провинцијата Балуџистан, на границата со Иран.

Силен земјотрес од 5,7 степени според Рихтер го потресол планинскиот дел од југозападен Пакистан, во кој се наоѓаат повеќе рудници за јаглен. Локалните власти јавуваат за најмалку 20 жртви и преку 300 повредени. Несреќата се случила рано утрово, кога бројни рудари веќе работеле во рудниците.

Според наводите на Министерството за внатрешни работи на провинцијата Балуџистан, епицентарот на земјотресот се наоѓа на околу 14 километри североисточно од посебно тешко погодената општина Харнаи, а бил на околу 20 километри под земјината површина.

Бројни луѓе, информира Службата за заштита од катастрофи, се наоѓаат под урнатините од објектите. Многу од куќите во сиромашниот регион се изградени од глина. Во Харнаи се испратени спасувачки екипи и војници. Работите на спасување на луѓето и расчистување на урнатините се отежнати поради прекинот на струјата во големи делови на Балуџистан.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com