Home » Силекс „затаи“ во Автокоманда: Реми без голови со „фенерџијата“

Силекс „затаи“ во Автокоманда: Реми без голови со „фенерџијата“

by Журнал.мк

Фудбалерите на Силекс не успеаја да дојдат до посакуваната победа против последнопласираната екипа во лигата, ремизирајќи без голови против Скопје во Автокоманда во првиот меч од 14. коло во Првата македонска фудбалска лига.

Возбудливи први 45 минути одиграа двата тима, со шанси на двете страни, но мрежите мируваа. Омерагиќ имаше шанса за Скопје, а Силекс запиша две 100% шанси, со еден погоден дирек, преку Алии и Ричков, но не успеа да дојде до предност на гостувањето во Скопје.

Ристовски во 75. минута од слободен удар имаше убава можност за Силекс, а Скопје во 84. минута пропушти шанса да дојде и до целиот плен против фаворитот, на крај со реална поделба на бодовите меѓу двете екипи.

Во последните минути Скопје одигра и со фудбалер помалку по исклучувањето во 87. минута на Дино Најдоски, кој доби директен црвен картон поради професионален прекршок спречувајќи противнички фудбалер сам да излезе пред голот на својот тим во идеална шанса за гол.

ПМФЛ – 14. КОЛО

Скопје: СКОПЈЕ – СИЛЕКС 0-0

УТРЕ (13 ч.)

Тетово: ШКЕНДИЈА – АК. ПАНДЕВ

Скопје: РАБОТНИЧКИ – СТРУГА ТЛ

Штип: БРЕГАЛНИЦА – ТИКВЕШ

Прилеп: ПОБЕДА – МАКЕДОНИЈА ЃП

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More