Home » Силва му постави ултиматум на Гвардиола по поразот од Арсенал

Силва му постави ултиматум на Гвардиола по поразот од Арсенал

by Lina Muslija

Фудбалерот на Манчестер сити, Бернардо Силва по натпреварот против Арсенал во Комјунити Шилд му поставил ултиматум на тренерот Пеп Гвардиола.

Силва му кажал на Гвардиола дека сака да ја продолжи кариерата во Барселона и повеќе нема да го носи дресот на „граѓаните“.

Португалецот минатата година остана без преселба во Каталонија, па свесен е дека ова можеби му е последна шанса да си го исполни сонот и да го облече дресот на Барселона.

Силва во Манчестер стигна во 2017 година од Монако за 50 милиони евра, а со премиерлигашот има договор до јуни 2025 година.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More