-7.2 C
Skopje
Monday, January 17, 2022

СЗО ја следи новата варијанта на корона вирусот, наречена „Му“

Најчитани вести

Светската здравствена организација (СЗО) ја следи новата варијанта на коронавирусот, наречена „Му“, која првпат беше идентификувана во Колумбија во јануари, објави доцна синоќа СЗО. Новата варијанта со научно име Б.1.621 има мутации што би можеле да укажат на ризик од отпорност на вакцината и затоа се потребни дополнителни студии за да се испитаат карактеристиките на тој вид на коронавирус. Сите вируси, вклучително и коронавирус (SARS-CoV-2), мутираат со текот на времето.

Повеќето мутации имаат мал или никаков ефект врз својствата на вирусот. Сепак, одредени мутации можат да влијаат врз карактеристиките на вирусот, како што се полесно ширење, сериозност на симптомите или ефикасност на вакцини, лекови и други алатки за откривање на присуството на вирусот. Од појавата на коронавирусот и видовите на тој вирус, СЗО одлучи да именува варијанти. Во моментов, четири видови на коронавирус се загрижувачки, меѓу кои видот Алфа е присутен во 193 земји, а Делта е присутен во 179 земји, додека пет други видови се под контрола.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com