-0.2 C
Skopje
Tuesday, October 26, 2021

СЗО со список од 25 експерти кои ќе го истражуваат потеклото на коронавирусот

Најчитани вести

Светската здравствена организација објави дека избрала 25 експерти за повторно истражување на потеклото на коронавирусот, по претходниот тим кој беше во Кина, каде што вирусот првпат се појави на крајот на 2019 година. Меѓу предложените членови на новиот тим се холандскиот вирусолог Марион Копман и Теа Фишер од Данска, кои беа во тимот на СЗО што ја посети Кина во февруари. Тие неодамна коментираа дека истражувањето за потеклото на Ковид-19 е „запрено“, а кинеските власти сѐ уште одбиваат да дадат какви било податоци.

Откако тимот на СЗО ја заврши посетата на Кина, експертите објавија извештај во кој истражувачите ја окарактеризираа теоријата дека вирусот потекнува од лабораторија во Вухан како „крајно неверојатна“, што предизвика критики и сомневања кај голем број научници дека оваа можност не беше соодветно тестирана.

Генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејезус, подоцна призна дека потенцијалната врска помеѓу пандемијата на ковид-19 и теоријата за истекување од лабораторијата била исклучена „прерано“.
Бројни здравствени експерти и научници побараа независна истрага надвор од СЗО, истакнувајќи дека агенцијата нема овластување да ги принудува земјите, вклучително и Кина, да соработуваат. Неодамнешната анализа на американското разузнавање по наредба на претседателот Џо Бајден не откри убедливи докази дали вирусот корона потекнува од лабораторијата.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com