23 C
Skopje
Tuesday, May 11, 2021

СЗО свика итен состанок

Најчитани вести

Комитетот за вонредни ситуации на Светската здравствена организација се состанува денесka, две недели пред редовниот состанок, за да разговара за прашањето за новите видови на коронавирус.

Комитетот вообичаено се состанува на секои три месеци, но овој пат генералниот директор на организацијата ги свика членовите две недели порано за да разговараат за теми за кои е потребна итна дискусија.

„ Се работи за нови видови на вирус, употребата на сертификати за вакцинација и тестови за меѓународни патници“, се вели во соопштението на СЗО објавено синоќа во Женева.

Комитетот на експерти, предводен од Французинот Дидие Хусеин, ќе се состане денеска, а препораките на организацијата до земјите-членки ќе бидат објавени по состанокот, се наведува во соопштението.

На својот втор состанок на 30 јануари 2020 година, комитетот го советуваше генералниот директор Тедрос Аданом Гебрејезус да прогласи вонредна здравствена состојба од меѓународно значење, највисоко ниво на тревога кога станува збор за епидемии, што тој и го направи.

Британските и јужноафриканските видови на коронавирус, се проширија во десетици земји погодени од нов бран инфекции што дури и полицискиот час и кампањите за вакцинација не успеаја да ги запрат.

Според СЗО, новиот вид на вирус првпат снимен во Велика Британија досега е пронајден во 50 земји и територии, а видот од Јужна Африка е регистриран во 20 земји, но организацијата смета дека оваа проценка е веројатно пониска од реалната.

Овие видови можат да се идентификуваат само со низата на нивниот генетски код, анализа која не е можна насекаде.

Третата мутација, која потекнува од бразилскиот Амазон и ја откри Јапонија во неделата, во моментов се анализира и може да влијае на имунолошкиот одговор, наведува СЗО во својот неделен извештај, нарекувајќи го „загрижувачки вид“.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести