13.8 C
Skopje
Saturday, October 23, 2021

СЗО предупредува дека здравствениот систем на Авганистан е пред колапс

Најчитани вести

Речиси 1,6 милиони дози вакцини против ковид-19, кои се на залиха во Авганистан, треба да се искористат што е можно поскоро, бидејќи нивниот рок истекува, објави Светската здравствена организација (СЗО).

Процесот на тестирање и вакцинација против ковид-19 е прекинат од почетокот на август, кога талибанците дојдоа на власт по повлекувањето на меѓународните трупи предводени од САД, пренесуваат агенциите.

Со сите тешкотии на теренот, СЗО вели дека работи со партнери во најмалку 16 авганистански провинции за да го зголеми тестирањето и вакцинацијата против ковид-19.

Во Авганистан, меѓу другото, СЗО има за цел да вакцинира најмалку 20 проценти од приближно 32 милиони жители.

СЗО вчера објави дека испратила медицински пакети во две болници во Кабул и провинциските канцеларии на организацијата, доволно за да се задоволат потребите на 50.000 луѓе.

Претходно, организацијата соопшти дека авганистанскиот здравствен систем е пред колапс доколку не се преземат итни мерки.

Според СЗО, девет од 37-те ковид-болници веќе се затворени во септември, а илјадници здравствени работници низ целата земја со месеци работат без плата.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com