3.8 C
Skopje
Wednesday, February 1, 2023

СЗО предупредува, внимателно да се укинуваат мерките против Ковид-19

Најчитани вести

Директорот на Светската здравствена организација (СЗО) за итни ситуации, Мајкл Рајан, ги повика државите да бидат многу внимателни во ублажувањето на мерките воведени поради Ковид-19, за да не ги нарушат остварените придобивки.

Секоја држава мора да одлучи сама, но и поединците, вклучително и оние кои не се вакцинирани, мора да преземат одговорност да се заштитат себе си и другите.

Англија, домаќинот на Европското првенство во фудбал, се подготвува да ги укине најограничувачките мерки на 19 јули, другите европски земји веќе почнаа да ги укинуваат ограничувањата за патување, а индиските држави ги олеснуваат мерките и покрај зголемениот број на новоинфицирани со заразниот делта-сој на коронавирус.

Рајан рече дека секоја држава мора сама да одлучи, но и дека поединците, вклучително и оние кои не биле вакцинирани, мора да преземат одговорност да се заштитат себе си и другите со цел да се запре притисокот врз болниците поради потенцијален нов бран на заразени.

Тој предупреди на многу опасната претпоставка дека сите во Европа сега се заштитени и дека светот се враќа во нормала.

Пред укинувањето на мерките, британскиот премиер Борис Џонсон изјави дека доаѓањето на летните и училишните одмори може да помогне во поповолна епидемиолошка состојба.

Рајан рече дека верува оти британските научници се многу свесни за заканата што ја носат новите соеви, особено делта-видот и дека тие се за внимателно укинување на мерките.

СЗО ги предупреди земјите, вклучувајќи ги Соединетите Американски Држави и Швајцарија, наместо да вакцинираат деца на возраст од 12 до 15 години, тие треба да донираат вакцини на сиромашните земји преку програмата „Ковакс“.

Експертот за вакцинирање на СЗО, Ен Линдстранд, предупреди дека од коронавирус не страдаат најмногу деца, туку возрасни и лицата со висок ризик.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести