4.8 C
Skopje
Thursday, October 28, 2021

СЗО: Потребни ни се сите податоци за ковид-19, Кина да соработува

Најчитани вести

Светската здравствена организација во четвртокот соопшти дека и се потребни „сите податоци” за ковид-19 за да се испита претпоставката за протекување од лабораторија во Кина и ги повика сите земји, „вклучувајќи ја и Кина”, да ги споделат податоците за првите случаи.

„Конкретно, за да се бавиме со ‘претпоставката за лабораторија’ важно е да се има пристап до сите податоци, да се предвиди најдобрата научна практика и да се разгледаат механизмите што СЗО веќе ги има“, соопшти Светската здравствена организација, истакнувајќи дека Кина навести дека СЗО дејствува под политички притисок во врска со студијата за потеклото на коронавирусот.

„Споделувањето податоци и дозволи за преиспитување на примероците… ова не е ништо поинакво од она што го бараме од сите земји, вклучително и од Кина, да го поддржат за да можеме брзо и ефикасно да напредуваме во проучувањето на потеклото (на пандемијата)“, наведе СЗО во соопштението.

СЗО соопшти дека е од „витално значење“ да се знае како започна епидемијата на ковид-19.

„Врз основа на она што го досега го откривме, следната серија студии ќе вклучува разгледување на податоците за првите случаи и првите потенцијални случаи во 2019 година“, рече организацијата

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com