-6.2 C
Skopje
Tuesday, January 25, 2022

СЗО: Половина од сиромашните земји немаат доволно вакцини

Најчитани вести

Повеќе од половина од посиромашните земји во светот кои примаат вакцини против коронавирус преку програмата за размена „Ковакс“ немаат доволно резерви за да продолжат со вакцинацијата, изјави советникот на Светската здравствена организација, Брус Ајлвард.

– Би рекол дека од 80 посиромашни земји, барем повеќе од половина немаат доволно вакцини за да ги одржат своите програми за вакцинација – рече Ајлвард на брифингот.

Некои од нив веќе немаат воопшто вакцини, додаде тој.

Во исто време, генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебреизус, рече дека разговара со голем број компании и институции за создавање центар за трансфер на технологија за производство на вакцини за коронавирус во Јужна Африка.

Тој на брифингот рече дека конзорциумот вклучува компании, кои ќе дејствуваат како седиште за производство на вакцини кои користат протеини со генетски код, познати како мРНА вакцини, и ќе обезбедат обука за другите производители кои ќе ги прават овие вакцини.

– СЗО ја олеснува оваа работа со воспоставување критериуми за трансфер на технологија. Сега разговараме со неколку компании кои покажаа интерес да ја обезбедат својата мРНА технологија – рече Гебреизус.

Германската компанија „Бионтек“, која соработуваше со „Фајзер“ за производство на вакцина против ковид-19, неодамна објави дека ќе ги засили напорите за поставување на свои фабрики за вакцини против мРНА низ Африка.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com